Search

Повредени двајца мажи во тешка сообраќајка на патот Куманово – Скопје

Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово – Скопје кај село Никуштак, помеѓу „фолксваген венто“ и „фолксваген голф“, повредени се А.А.(30) од село Никуштак и М.Б.(21 ) од село Орланце, Скопско.

По незгодата, двајцата со возило на брза помош се пренесени во Медицински центар Куманово, каде што им се констатирани тешки телесни повреди, по што А.А. е задржан, додека М.Б. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави