Search

Поворката на загинатите во автобуската несреќа ќе се движи низ Скопје-граѓаните ќе може да оддадат последна почит на плоштадот Скендербег

Утре, 3 декември, во 9ч, на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигна посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во близина на Струма, Република Бугарија.

По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Во периодот од 10 до 13ч, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, како и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во перидот меѓу 11 и 12 часот.

На самиот плоштад ќе биде поставен и видео ѕид, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Треба да знаете
Последни објави