Search

Повлечени „Бејби лав“ кашички поради претпазливост

Поради безбедносни причини, ДМ дрогериите ги повлекоа од продажба бебешките кашички „Бејбилав“, соопшти компанијата. Како што се наведува, повлечени се кашичките од праска и маракуја во јаболко од 190 грама за 4 месеци, со рок на траење до 16.10.2020 година, кашичка од јагода и малина во јаболко, 190 грама, за 4 месеци, со рок на траење до 16.10.2020 година и кашичката од јагода и банана со мусли, 90 грама, од 1 година, со рок на траење до 16.10.2020 година.

„Со сопствена контрола е утврдено дека производите со горе наведените рокови на траење не може да се исклучи можноста за висок удел на афлатоксин. Доколку се земаат подолг временски период наведените материи можат да влијаат на здравјето. Афлатоксините се природни микотоксини кои произведуваат многу видови на габи – Аспергилус. Со оглед дека не може со 100% сигурност да се исклучи опасноста дека производите се под влијание на наведеното, ДМ поради претпазливост ги повлекува производите од продажба. Наведените производи, без разлика дали се отворени или не, купувачите можат да ги вратат во било која продавница на ДМ, каде ќе им бидат вратени парите. Квалитетот на производите и безбедноста на купувачите за ДМ е од голема важност. Е извинуваме поради инцидентот“ се наведува во соопштението на компанијата.

Треба да знаете
Последни објави