Search

Повисоки трошоците за вработени на градежните компании при изградба на индивидуални објекти

Трошоците за вработените во градежништвото при изведување изградба на нови објекти за индивидуално домување во четвртото тримесечје од 2019 година, бележат раст од 3,2 отсто во однос на претходниот квартал и 10,9 отсто во однос на четвртото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Трошоците за материјали на градежните компании при изградба на вакви објекти се пониски за 1,5 отсто во споредба со третиот квартал и за 2,6 отсто во однос на последниот квартал од минатата година.

Треба да знаете
Последни објави