Search

Повисоки плати за докторите, но и за наставниците и полицијата

Предлог Буџетот за 2019 предложен од Владата предводена од СДСМ е развоен и обезбедува повеќе пари кај граѓаните, поголема социјална еднаквост и подобра живејачка за сите, рече денеска на прес-конференција, Хари Локвенец, пратеник на СДСМ и коалицијата.

Како што рече тој, платите ќе растат во сите сектори, за да се зголеми мотивацијата, да се заштити професионалното достоинство и да се зголеми ефективноста во работата.

Докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, почнувајќи веќе од јануари 2019 година. Тоа ќе важи и за останатиот медицински персонал кој добива повисоки плати за 5 отсто. Со ваквите мерки постигнуваме плата повисока од 90 илјади денари за специјалистите, со тенденција до крајот на годината таа да биде 100 илјади денари, онака како што ветивме пред граѓаните“, посочи Локенец во своето обраќање.

Тој истакна дека зголемување на платите од 5 отсто ќе следува и во другите сектори.

Повисоки плати добиваат вработените во образованието, детските градинки, социјалните центри, судството, полицијата, армијата и за културните работници. Со ваквото зголемување, ќе се зголеми расположливиот доход на домаќинствата, а просечната нето-плата во овој период ќе продолжи да расте, според очекувањата за 4,5% на номинална основа. Исто така, во 2019 година ќе продолжи трендот на раст на платите во приватниот сектор, што ќе биде поддржано со владините мерки“, објасни пратеникот на СДСМ и коалицијата.

Додаде дека пакетот активни мерки за вработување ќе изнесува 1,1 милијарда денари, со што, како што кажа, се очекува намалување на невработеноста на рекордно ниски 20 отсто.

Локвенец посочи дека буџетот следната недела ќе биде и пред пратениците и повика на конструктивна дебата за дополнителни подобрувања во интерес на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави