Search

Повик на МСУ за донација на проект за партерно уредување и санација на скалите и платото

Музејот на современа уметност (МСУ) објави повик за изработка на идеен проект за партерно уредување и санација на скалите и платото пред  музејската зграда. Оригинално решение може да  пријават сите архитекти носители на лиценца А, а иницијативата е од хуманитарен карактер.

– Повикот за донација на проект за партерно уредување и санација на скалите и платото пред МСУ ќе трае 20 дена од денот на огласување, а е упатен до сите архитекти во земјава, носители на лиценца А. Иницијативата за санација на скалите и платото пред Музејот е резултат на приватна донаторска акција, заради што МСУ ги повикува и архитектите заинтересирани за овој повик да го донираат идејното решение. Со тоа, ќе ја поддржат донацијата, ќе ја зголемат нејзината вредност за музејот и ќе придонесат за единствен краен резултат, соопшти МСУ.

Приватната донација во висина од 600.000 денари доаѓа од повеќе субјекти и е наменета за изведба на градежните работи неопходни за санацијата.

-Музејот на современа уметност е плод на солидарност, авангардна и благородна идеја, и до денес достојно ја исполнува својата цел. Визијата на оваа иницијатива заедно со оригиналните идеи и искуството на архитектите ќе остави ново наследство за МСУ и за идните генерации, додава МСУ во соопштението

Треба да знаете
Последни објави