Search

Повик за наставници за учество во истражување за здравствената криза и КОВИД-19

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, со поддршка од канцеларијата на УНИЦЕФ во нашата земја и Реактор – Истражување во акција, спроведуваат сеопфатно истражување во основните и средните училишта поврзано со здравствената криза и КОВИД-19, која влијаеше на начинот на реализирање на воспитно-образовниот процес.

– Основната цел на истражувањето е да ги сумира сите релевантни искуства и да го процени севкупното влијание на пандемијата КОВИД-19 врз образовниот процес во земјата. Преку вклучување на сите засегнати страни (даватели и корисници на услуги во образовниот сектор) – директори, наставници, родители/старатели и ученици, ова истражување ќе ни даде директен увид во различните искуства и важните аспекти на учењето на далечина, велат од МОН.

Од Министерството посочуваат дека добиените сознанија ќе се искористат исклучиво за анализа на постојната состојба и за креирање на идните планови и активности во образовната политика.

Засегнатите учесници во воспитно-образовниот процес МОН ги повикува да даваат предлози и повратни информации, да го споделат нивното мислење и искуства според упатствата кои им се пратени на нивните електронски адреси.

Треба да знаете
Последни објави