Search

Повеќе од 700 мигранти во БиХ во изолација поради можна зараза

Голем број нелегални мигранти, затекнати во Босна и Херцеговина, се со одредена мерка за задолжителна изолација поради можна зараза со новиот коронавирус, објавија локалните медиуми денеска.

Нермина Ќемаловиќ, министерка за здравство на Унско-санскиот округ, потврди дека сега има 715 илегални мигранти во изолација, сместени во одделни простории во тој дел на БиХ.

Таа додаде дека во моментот најголемиот притисок е во прифатниот центар „Мирал” во Велика Кладуша предвиден за околу 1.100 мигранти.

– Пред неколку дена околу 200 мигранти ја прескокнаа оградата и едноставно влегоа во кампот. Ние го следиме развојот на состојбата во тие простории за изолација и засега имаме евидентирано четири лесни клинички случаи, два во „Мирал” и два во „Седра”, изјави Ќeмаловиќ .

До денеска, никој од илегалните мигранти не бил тестиран за коронавирус, но министерката најави дека мерката ќе се спроведе и доколку се појави потреба.

Треба да знаете
Последни објави