Search

Повеќе од 60 лица се уште се водат како исчезнати во Бејрут по експлозијата

Повеќе од 60 лица се уште се водат како исчезнати во Бејрут, четири дена по експлозијата во пристаништето, во која загинаа повеќе од 150 лица, изјави денеска портпаролот на либанското Министерство за здравство.

Тој прецизираше дека имало 154 смртни случаи, а идентитетот на 25 од нив се уште не е утврден.

Според податоците од вчера на Министерство за здравство, најмалку 120 од 5.000 повредени се во критична состојба.

Треба да знаете
Последни објави