Search

Повеќе од 500 студенти на Меѓународниот Балкански Универзитет наскоро почнуваат со настава во меѓународна академска средина

На 1 октомври новата генерација студенти на Меѓународниот Балкански Универзитет ќе го започнат своето академско образование. Во академската 2019/2020 година досега на МБУ се запишаа преку 500 студенти на 7 факултетски единици од областите на економијата, инженерство, правни и социјални науки, комуникации или уметност и дизајн. Уписите на додипломските студии ќе продолжат до 30-ти септември, а на постдипломските студии до 31-ти октомври. Меѓународниот балкански универзитет во своето портфолио има 18 додипломски студиски програми и 11 постдипломски студиски програми.

 

Оваа година Меѓународниот балкански универзитет, во соработка со Халкбанк АД Скопје претставија нова можност за полесен пристап до квалитетно меѓународно образование, финансиски производ кој овозможува брз пристап до сумата која е потребна за покривање на годишната школарина, која изнесува 1000 евра. Станува збор за студентски кредит чија камата е целосно покриена од Универзитетот, а позајмената сума од 1000 евра се враќа на еднакви месечни рати со можност за грејс период од 3 месеци. Од оваа академска година студентите кои ја искористија оваа поволна можност веќе започнуваат со своите студии.

 

Покрај почетокот на наставата, со почетокот на семестарот ќе почнат и пријавувањата за вон наставните активности кои Меѓународниот балкански универзитет ги нуди навистина во голем број. Студентите можат да се пријават во еден од 9-те студентски клубови, меѓу кои се и драмскиот, шаховскиот, танцовиот, дебатниот клуб и многу други.

 

Студентите на МБУ со изборот на меѓународна академска средина, избраа настава целосно на англиски јазик, која се одвива на еден од најмодерните универзитетски кампуси во земјава и пошироко, како и можности за студентска размена преку Еразмус+ и пракса во преку 150 компании кои имаат активна соработка со универзитетот. МБУ има највисок процент, дури 90% на професионално ангажирани дипломци, само 6 месеци по дипломирање и тоа во целиот регион. Со најдобра програма за настава и учење во државата, според Шангајската листа, со иновативни методи на предавање, целосно на англиски јазик и со реномирани експерти во своите области како професори, Меѓународниот балкански универзитет создава висококвалификуван кадар кој е конкурентен на меѓународните пазари на трудот.

 

Со цел постојан контакт со своите студенти и целосно информирање за настаните Меѓународниот Балкански Универзитет има и свое радио и мобилна апликација кои го заокружуваат целокупното студентско искуство.

Треба да знаете
Последни објави