Search

Повеќе од 40 поранешни британски амбасадори ја повикаа Меј да го одложи брегзитот

Повеќе од 40 поранешни британски амбасадори ја повикаа премиерката, Тереза Меј да го продолжи рокот за излез на Велика Британија од Европската Унија.

Во писмото испратено до „Тајмс“, дипломатите велат дека би било најдобро да се одложи брегзитот за да се договорат условите околу иднината на односите помеѓу Велика Британија и Европската Унија или за да се одржи втор референдум за членството во ЕУ, пренесе лондонскиот весник.

Ако Меј не успее до 29 март во британскиот парламент да го потврди својот договор со Европската Унија за брегзит, ќе мора да одлучи дали ќе ја одложи одлуката за излез или ќе избере излез од Унијата без договор, што би можело да биде хаотично за петтата по големина светска економија.

Меј изјави во средата дека нејзината влада не ја променила својата позиција и не сака да го одложи датумот за брегзит ма 29 март.

Треба да знаете
Последни објави