Search

Повеќе од 30 светски лидери потпишаа апел за зачувување на климата

Повеќе од 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги покрена австрискиот претседател Александер Ван дер Белен во пресрет на  конференцијата за глобалното затоплување на ООН, што ќе се одржи следната недела.

Според Иницијативата за поголема климатска амбиција, „климатските промени се прогласуваат за клучен предизвик на нашето време”.

Во неа се додава дека „сегашната генерација е прва која сведочи за брзото покачување на температурите ширум светот и веројатно последната која има шанса ефикасно да се бори против заканата од глобална климатска криза”.

Во Иницијативата се повикуваат државите да дејствуваат „заедно, одлучно и брзо”.

Од канцеларијата на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер се наведува дека тој е меѓу потписниците, како и францускиот претседател Емануел Макрон, израелскиот претседател Рувен Ривлин и холандскиот премиер Марк Рут.

Треба да знаете
Последни објави