Search

Повеќе од 3.000 Кинези се позитивни на многу заразна бактериска болест

Повеќе од 3.000 луѓе во северозападна Кина се позитивни на многу заразната бактериска болест бруцелоза. Ова се случило откако протекол загаден издувен гас во фармацевтска компанија која произведува вакцини за животни.

Здравствените власти во градот Ланжу, во кој живеат околу 2,9 милиони луѓе, велат дека 3.245 се позитивни на бруцелоза, што често е предизвикано од контакт со домашни животни како крави, кози и свињи.

Националната здравствена комисија во Ланжу објави дека досега се тестирани 21.847 лица и дека никој не починал од последиците од оваа болест, пренесува Индепендент.

Како што изјави таа, епидемијата е предизвикана од „загаден издувен гас“ од фабриката во Ланжу, која произведува вакцини за животни.

Бруцелозата, позната и како малтешка или медитеранска треска, може да предизвика симптоми како што се главоболки, болки во мускулите, треска и замор, додава Си-ен-ен.

Иако симптомите може да исчезнат, некои може да станат хронични и никогаш да не исчезнат, како што се артритис или оток на одредени органи, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Пренесувањето од човек на човек е многу редок. Луѓето претежно се заразуваат преку заразена храна или со вдишување на бактерии, што се чини дека е случај во Ланжу.

Според наводите на градската здравствена комисија, епидемијата настанала поради протекување во фабриката, што се случило во периодот од крајот на јули до крајот на август 2019 година.

Според Си-ен-ен, фабриката, додека произведувала вакцини против бруцелоза за животни, користела средства за дезинфекција со поминат рок, што значи дека не се искоренети сите бактерии од отпадниот гас. Тој контаминиран отпаден гас формира аеросоли, кои содржат бактерии и протекуваат во воздухот, а ветерот го однел до Институтот за истражување „Ванде“ од Ланжу, каде изби епидемија.

До крајот на декември најмалку 181 лице во институтот е заразено со бруцелоза, објави новинската агенција Ксинхуа.

Треба да знаете
Последни објави