Search

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот, со петнаесетина пушки. Двајца затвореници биле убиени при обид да избегаат, пренесува Си-ен-ен.

Затворениците успеале да влезат во магацин со оружје во затворот Карамоја и украле 15 пушки АК-47 и муниција.

„Станува збор за масовно бегство и озлогласени криминалци“, изјави портпаролката на армијата Флавија Буекасо, додавајќи дека меѓу нив има и сериски убијци, разбојници и силувачи и дека ситуацијата дополнително се комплицира со фактот дека е ноќ и тие се вооружени.

Во тек е голема акција и потрага по избеганите затвореници.

Ова е трето бегство на затворениците во Уганда од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Вкупниот број на затвореници во оваа африканска земја се зголеми за 10% во последните пет месеци, а сега околу 65.000 луѓе ја издржуваат казната.

Голем број жители од областа се приведени за кршење на ограничувањата или полицискиот час воведени поради пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави