Search

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Повеќе од 12 национални фудбалски асоцијации ја известија УЕФА за нивните планови да се повлечат од ФИФА која сака Светското првенство на секои две години, објави „Асошиетед прес”.

Според изворот, евентуалното повлекување од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), нема да влијае на учеството на клубовите и репрезентациите на турнирите под покровителство на европската федерација.

Претходно, ФИФА ги извести националните федерации за плановите за одржување на Светското првенство на секои две години, почнувајќи од 2026 година.

Од 1930 година, Мундијалите се одржуваат на секои четири години, со исклучок на 1942 и 1946 година поради Втората светска војна.

Претстојните турнири ќе се одржат во Катар (2022 година), како и во Канада, Мексико и САД (2026 година).

Треба да знаете
Последни објави