Search

Повеќе од 100 вработени во кланици во Франција се заразени од новиот коронавирус

Загриженоста расте поради бројните заразувања со Ковид-19, забележани во кланиците и работилниците за сечење месо во Франција и ширум светот. Бројот на заразените од коронавирусот во француските кланици е околу 100 лица, јави дописникот на МИА.

По САД и Канада, сега погодени се и француските кланици и работилници за преработка на месо. Три жаришта на инфекции со Ковид-19 се идентификуваат од 10 мај во Ванде (20 случаи), Кот д’ Амор (69 случаи) и Лоаре (34 случаи).

Министерот за земјоделство, Дидие Гијом, изутринава на ФрансИнфо изјави дека „Се уште не е познато зошто овие три кланици станаа жариште на заразување, регионалните здравствени агенции работат на тоа”, рече тој.

Сепак, според него се верува дека заразата може да се случила во соблекувалната во моментот на смената.

-Ние ги тестиравме сите вработени во трите кланици, но за момент не сме спровеле нов протокол. Можно е да ги тестираме сите работници во кланиците во Франција, или да го намалиме ритамот на работата, ако здравствените власти го побараат тоа, рече Дидие Гијом.

Треба да знаете
Последни објави