Search

Повеќе од 1.800 починати за 24 часа, Америка се приближува кон врвот на епидемијата

САД забележаа најголем број смртни случаи од коронавирус за еден ден, повеќе од 1.800

Така, вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот во земјата достигна 13.000, според податоците објавени од универзитетот Џон Хопкинс, пренесува „Би-би-си“.

САД имаат повеќе од 400.000 потврдени случаи, што е најголем број на заболени во светот.

Вкупниот број на луѓе погодени од коронавирусот во светот надмина 1,4 милиони.

За време на прес-конференцијата, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД може да се најдат на врвот на „кривата“.

Највисок процент на смртни случаи е забележан во Њујорк, кој стана ново жариште со 731 починати во еден ден.

Гувернерот Ендру Куомо изјави дека државата се чини дека се приближува кон врвот на пандемијата.

Тој апелираше до луѓето да останат дома и да практикуваат социјална дистанца.

„Знам дека е тешко, но мора да се справиме со тоа“, рече тој.

На њујорчаните им е кажано да избегнуваат големи собири додека се приближува Велигден.

Треба да знаете
Последни објави