Search

Повеќе од сто лекари го оперирале 25 часа за да му го трансплантираат лицето

Американецот Камерон Андервуд (26) вели дека повеќе не се загледуваат во него кога се шета по улицата и никој ништо не го прашува.

-Имам нос и можам да се насмеам, можам да зборувам и да јадам цврста храна, објаснува Андервуд за ББЦ.

Поминаа две години откако Андервуд се обидел да се убие пукајќи си во главата. При тоа останал бз носот и поголемиот дел од долната вилица. Му останал само еден заб. Повеќе од 100 лекари и медицински персонал во јануари годинава 25 часа  го оперираа Андервуд за да го вратат лицето.

-Многу сум благодарен за трансплантацијата на лицето бидејќи таа ми дава друга шанса во животот, изјави Американецот на прес-конференцијата која се одржа во вторникот во Њујорк.

Андервод е опериран само 18 месеци по обидот за самоубиство. Од Болничкиот центар во Њујорк велат дека тоа е најкраток временски интервал помеѓу повредата и операцијата во историјата на САД. Првата трансплантација на лице беше изведена во 2005 година, а до денеска низ целиот свет, се изведени повеќе од 40 .

Лекарите на Андервуд му ја реконструираа горната и долната вилица, сите заби, непцето и долниот дел од устата, долните капаци, носот и јазикот. Од болничкиот центар велат дека ова е досега технолошки најнапредната трансплантација на лица во САД, а за неа за прв пат е употребана тридимензионално испечатена маска од лицето на донорот, 23-годишниот Вила Фишер – шампион во шах, писател и режисер. Тој починал трагично, нпбил регистран донатор на органи.

Треба да знаете
Последни објави