Search

Повеќе електронски услуги и нова стратегија за отворени податоци, најавува министерот Шаќири

Новиот министер за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири ветува дека ќе работи на зголемување на бројот на приклучени институции на националната платформа за интероперабилност и на натамошна дигитализација на услугите и нивна достапност преку националниот портал за електронски услуги за кој најавува надградба.

-Од аспект на електронска размена на податоци  и документи  помеѓу институициите  воспоставена е и целосна оперативна и национална платформа за интероперабилност  која претставува основна инфраструктура на патот за дигитализација  на јавната управа. Досега на неа се приклучени повеќе од  30 институции и во иднина ќе се работи на тоа да се приклучат поголем број, рече Шаќири на првата прес-конференција по именувањето.

Преку  националниот портал за  електронски услуги uslugi.gov.mk може да се најдат информации за  услугите кои ги даваат институциите  од кои дел може да се добијат и  по електронски пат. 

 -Ќе работиме на зголемување на бројот на електронски услуги  со што ќе се зголеми бројот  на корисници на  порталот кој во моментов е над 25.000, посочи Шаќири.

Меѓу неговите ветувања е и изработка на нова стратегија за отворени податоци.

о завршување на тековната стратегија за отворени податоци  2018/2020  ќе работиме на подготвување  нова стратегија со  акциски план  која ќе постави јасни и повисоки цели за транспарентност  за сите институции за нивниот буџет, наведе Шаќири.

 Отвореното владино партнерство, како што рече,  става силен акцент на отворени податоци како средство за користење на современи технологии, обезбедувајќи алатка  за овозможување  подобра и поодговорна влада. Со цел операционализација  на отворени податоци  достапен е портолот за отворени податоци  data.gov.mk  кој  претставува платформа за отворени податоци  каде се обработуваат податоци  и каталози за  податочни сектори со кои располагаат организациите.

Треба да знаете
Последни објави