Search

Кривична постапка против двајца албански државјани за поседување марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против двајца државјани на Република Албанија на возраст од 21 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека како со извршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 10.10.2020 година при извршен личен претрес кај осомничените, а подоцна и извршен претрес во нивното престојувалиште, полициски службеници пронашле вкупно 226,1 грама наркотична дрога – марихуана, Осомничените ја набавиле дрогата со намера да ја продаваат во Гостивар и околината.

По донесување на Наредбата за спроведување истражна постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Гостивар достави предлог на осомничените да им биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка при надлежниот суд, го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените со Решение им определи притвор во траење од по 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави