Search

Поборниците за независност на Каталонија се закануваат со хаос за божикните празници

Поборниците и активисти за каталонска независност имаат намера да ја блокираат Барселона со масовни протести кои се закажани за 21. декември, објави шпанската телевизија.

Протестите ќе се одржат истиот ден кога шпанскиот премиер Педро Санчез планира да ја посети Барселона.

Се уште не е јасно дали ќе се сретнат премиерот Санчез и регионалниот каталонски претседател, Ким Тора.

Датумот е симболичен за каталонските активисти, бидејќи ја означува првата годишнина од привремените избори кои ги нареди Мадрид, по што шпанската влада го распушти каталонскиот парламент и ја стави покраината под управа на централните власти, како одговор на каталонскиот референдум за независоност.

Треба да знаете
Последни објави