Search

Победничкиот гол за Франција во Лигата на нации за Шпанците е чист офсајд !

Шпанските медиуми ги нападнаа англискиот делител на фудбалската правда Ентони Тејлор и неговите колеги од ВАР-собата по финалето од Лигата на нации, во кое „црвената фурија“ загуба од Франција (2:1) која во вториот дел направи резултатски пресврт, но останаа сомнежите дали победничкиот гол беше регуларен.

Голот на Килијан Мбапе кој и ја обезбеди тирулата на Франција во второто издание на ова натпреварување на УЕФА беше постигнат од контроверзна ситуација. Судијата Тејлор даде објаснување дека голот не бил поништен поради тоа што Ерик Гарсија имал минимален контакт со топката, иако тоа воопшто не влијаеше на играта.

На насловната страна на „Спорт“ пишува „Неправда“, а во текстот пишува дека Шпанија загубила од Франција на скандалозен начин, и тоа со гол од чист офсајд.

Ниту „Марка“, ниту „АС“ не беа понежни во насловот и сите го нападнаа судијата Тејлор поради тоа што не досуди чист офсајд.

Треба да знаете
Последни објави