Search

Побаран притвор за скопјанецот кој тепал и силувал жена

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишен скопјанец поради силување. За обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.​

Осомничениот на 28 септември 2020 година, околу 15:00 часот, го управувал своето возило и ја пресретнал оштетената која, враќајќи се од работа, се движела по улицата. Тој застанал и присилно ја внел во возилото, па ја однел во стан од неговата почината мајка. Осомничениот започнал физички и психички да ја малтретира жртвата. По упатување накани кон неа и закани за нејзината ќерка, осомничениот со употреба на сила го извршил кривичното дело. При тоа, во континуитет ја удирал жртвата со боксови и клоци од кои оштетената се здобила со телесни повреди.

 

Треба да знаете
Последни објави