Search

Побарани казни за 30 прекршители на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави 28 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 30 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.

Надлежните јавни обвинители му предложија на судот на обвинетите да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави