Search

ПМФЛ: Работнички со три бода тргна во офанзива за опстанок

– Фудбалерите на Работнички со победа тргнаа во пролетниот дел од сезоната во домашниот шампионат во кој ги очекува борба за опстанок.
Дебармаалци во првото коло по зимската пауза, триумфираа кај Струга Трим Лум со 1:0 и ја намалија разлика во однос на екипите на Ренова и на Борец кои се поразени во мечевите од 19-то коло. Стрелец на единствениот гол за Работнички беше Давид Тошевски во 34-та минута.
Еден гол му беше доволен и на тимот на Силекс за гостинска победа против Ренова. Го постигна Бурхан Мустафов во 44-та минута и ги одведе кратовци на третата позиција на табелата.
Шкупи со 2:0 го совлда Борец со головите на Муамер Бајрами во 80-та минута и Бесар Исени во втората минута од судиското екстра време.
Со победа во пролетниот дел од сезоната влезе и Шкендија. Тетовци со 2:1 ја славеа над Академија Пандев во Струмица и ја продолжија потерата по Вардар на лидерската позиција од кого ги делат осум бода.
ПМФЛ, 19 коло: Струга Трим Лум – Работнички 0:1, Ренова – Силекс 0:1, Шкупи – Борец 2:0, Академија Пандев – Шкендија 1:2, Вардар – Македонија Ш.П. 3:1.
Табела: Вардар 39, Шкендија 31, Силекс 30, Академија Пандев 27, Македонија Ѓ.П. 26, Шкупи 25, Струга Трим Лум 24, Борец 20, Ренова 19, Работнички 18.
Треба да знаете
Последни објави