Search

ПМФЛ: Вардар поразен во дербито со Работнички

Екипата на „Вардар“ доживеа пораз во градското дерби против „Работнички“ со 0:1 (0:0) во средба од 15.коло во ПМФЛ.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Оливер Пеев во 56. минута од натпреварот, со што ја продлабочи кризата на „црвено-црните”, откако во трет натпревар по ред не забележаа победа.
Лидерот „Шкендија“, пак оствари убедлива победа над „Силекс“ од 5:0 и ја зголеми предноста на табелата на шест бода. Стрелци на головите беа Нафиу, Шефити, Фазли и на два пати Емини.
До крајот на прволигашката сезона остануваат уште три кола во следните десет дена, а следното е веќе во недела, 25-ти ноември.
Резултати ПМФЛ, 15 коло:
Беласица – Ренова 3:1
Македонија Ѓорче Петров – Шкупи 2:2
Шкендија – Силкес 5:0
Вардар – Работнички 0:1
Академија Пандев – Победа 2:1
Табела:
1. Шкендија 34 поени
2. Вардар 28
3. Академија Пандев 25
4. Работнички 20
5. Ренова 19
Треба да знаете
Последни објави