Search

ПЛО го одби американскиот економски план од 50 милијарди долари

Палестинската ослободителна организација (ПЛО) денеска повторно го отфрли американскиот економски план за Палестина вреден 50 милијарди долари, оценувајќи дека недостигот на политичка визија во тој план гарантира негов неуспех.

– Администрацијата на Трамп сака да го продаде економскиот просперитет, со што само ќе се продолжи  заробеништвото на Палестинците, се наведува во соопштението на Извршниот комитет на ПЛО објавено во момент кога во Бахреин почнува конференција на која САД го претставува економскиот дел од својот блискоисточен мировен план.

ПЛО ја обвини Белата куќа дека го користи тој собир како покритие за настојувањето на Израел да ги нормализира односите со арапските земји и да ги подигне своите населби на окупираниот Западен брег.

Во соопштението се додава дека мирот не може да биде постигнат се додека не заврши „израелската окупација и економската доминација”.

Треба да знаете
Последни објави