Search

Плоштадот во Ватикан украсен со божикни светилки, јасли и дрво

Божикното дрво и јаслите, донации од италијанската провинција чии шуми беа унишени од невремето, се поставени на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, кој започна со подготовките за Божик.

Дрвото и јаслите биле донирани од две планински заедници од североисточна Италија, од провинцијата Трентино-Алто Адиџе, чии шуми беа уништени од невреме во октомври 2018 година.

Папата Франциско ги прими донаторите пред инаугурацијата, на која присуствуваа официјални лица од Ватикан, но не и самиот црковен поглавар.

„Смреката што ја дониравте е симбол на надеж, особено за вашите шуми, да се расчистат што е можно поскоро и да започнат со пошумување“, рече Франциско.

Дрвото и јаслите ќе останат на плоштадот до 12 јануари, објави Ватикан.

Треба да знаете
Последни објави