Search

Пленковиќ: Ми се чини дека Милановиќ штотуку сфати каква функција извршува

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ одговори на вчерашните пораки од претседателот Зоран Милановиќ, кој ја коментираше изјавата на премиерот дека „рециклира работи околу Националниот штаб”.

– Ми се чини дека тој дури сега сфати на каква функција е, па му е ужасно политички досадно, рече Пленковиќ за Милановиќ, пишува Н1.

Милановиќ во вторникот рече дека го доживува како комплимент коментарот на премиерот Пленковиќ дека рециклира работи околу неуставноста на Националниот штаб, бидејќи рециклирањето, како што рече, е еден вид освестеност.

Хрватскиот претседател смета дека Пленковиќ „веројатно се плаши Собранието да не му се меша во неговата работа, за да не му го компликува животот”.

– Тоа до некаде е рационален страв. Поаѓам од фактот дека нема никаква диктаторска или узурпирачка намера. Но, де факто, имаме проблем и тој може да се реши многу лесно, рече Милановиќ, додавајќи дека „ќе има уште повеќе рециклирање”.

Тој истакна дека рециклирање е кога од нешто што е потрошено и скапано се прави нешто ново, и додава дека тој го прави тоа.

Треба да знаете
Последни објави