Search

Пленковиќ за 20 дена ќе го формира нов владин состав со помалку министерства

Лидерот на ХДЗ, кој ќе биде старо-новиот премиер на Хрватска по победата на парламентраните избори, Андреј Пленковиќ со освоени 66 пратенички мандати го обезбеди парламентарното мнозинство. Ќе го поддржат новиот владин кабинет 76 пратеници заедно со партиите кои и досега  соработуваше.

-Ќе закажеме што побрзо собраниска седница и ќе форираме нов владин кабинет за да продолжиме час поскоро да работимне во корист на нашите граѓани – порача Пленковиќ.

Според хрватските медиуми новата хрватска влада ќе биде составена исклучиво од кадар на ХДЗ и ќе има многу помалку министри од сегашниот состав. Се најавува дека кабинетот ќе биде скусен за 8 министри.

Промоцијата на новиот владин кабинт на Пленковиќ треба да се случи за 20–дена, и се најавува дека ќе има од 12 до 15 министерства.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави