Search

Пленковиќ: Загрижувачка е епидемиолошката ситуација во Хрватска

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ на денешната владина седница изјави дека епидемиолошката ситуација во земјата е загрижувачка и на граѓаните, посебно на младите им порача дека „кршењето на мерките не е храброст,, туку жртвување на дел од својот комодитет, за да се заштитат другите”.

Тој повикана солидарност и на придржувањена епидемиолошките мерки.

– Релано, тоа се многу мали жртви за заштита на здравјето. Свесни сме дека пандемијата го нарушува вашиот социјален живот и вашите желби, но сметам дека е важно да се почитуваат мерките и да се заштитат домашните, истакна Пленковиќ обрајќајќи им се на младите.

Во изминатите 24 часа во Хрватка регистрирани се рекордни 748 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи. Во моментов има 3.210 активни случаи во Хрватска, од кои 441 пациент е во болница и 16.598 лица во самоизолација. Од 25 февруари вкупно 21.741 луѓе се инфицирале со новиот коронавирус во Хрватска, од кои починаче 334 лица.

Треба да знаете
Последни објави