Search

Пленковиќ: ЕПП е семејство на заеднички вредности

Во пресрет на денешниот почеток на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб, хрватскиот премиер Андреј Пленкови  порача дека ХДЗ има чест да го организира овој голем собир на политичкото семјство, што за неговата партија претставува „семејство на заеднички вредности”

Пленковиќ ова им го изјави по средбата со претседателот на ЕПП во заминување, Жозеф Дол, и додаде дека тие вредности се поддршка на универзалниот хуманизам, европските вредности, народништвото, патриотизмот и државотворноста.

-Семејството на нардоњаците даде придонес од самото формирање на Европската унија. Токму тој факт не обврзува и во услови на новиот Европски парламент и скорешниот почеток на работата на новата Европска комисија, на чело со Урсула фон дер Лајен, која доаѓа од нашето политичко семејство. Нејзината програма е компатибилна со приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека ХДЗ предложило две резолуции: едната за политиката на проширување и втората за демографската ревитализација на Европа

Треба да знаете
Последни објави