Search

Пленковиќ: До крајот на мандатот на следната влада еврото ќе биде воведено во Хрватска

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека стратешка цел е до крајот на мандатот на следната влада земјата да ги исполни критериумите и да го усвои еврото како официјална валута.

Пленковиќ нагласи дека има бројни економски бенефити од еврото -трајно ќе се отстрани валутниот ризик во економијата и ќе се намали трошокот на задолжувањето на сите домашни сектори, односно граѓаните и фирмите ќе имаат помалку трошоци на финансирањето отколку во случај Хрватска да остане надвор од еврозоната, пренесе синоќа „Вечерњи лист”.

-Со воведувањето на еврото Хрватска трајно ги решава ризиците, трајно ќе го острани трошокот за конверзија, а за економијата, исто така, е важно да се нагласи дека употребата на заедничката валута трајно придонесува за засилување на меѓународната размена и конкурентност, рече Пленковиќ.

Еврото е втората најголема и најсилна глобална влаута која ја користат 340 милиони лица во ЕУ, рече премиерот на Хрватска, пренсен од Б92.

Треба да знаете
Последни објави