Search

Пленковиќ: Време е за ревидирање на Дејтонскиот договор

Хрватска верува дека е време да се ревидира Дејтонскиот договор, нагласи хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на онлајн сесијата на Генералното собрание на ОН.

– Како една од страните во договорот, Хрватска смета дека годишнината од договорот треба да се искористи за да размисли за нејзините достигнувања, но и за моменталната состојба во Босна и Херцеговина, со цел цврсто водење на таа држава на нејзиниот европски пат, рече хрватскиот премиер. пренесува „Јутарњи лист”.

Пленковиќ посочи дека 2020 година, освен што е година на криза и година на јубилеи, е и година на одбележување на 25-годишнината од Дејтонскиот мировен договор. Според хрватскиот премиер, тој „ја прекина најкрвавата војна во Европа од Втората светска војна”.

– Во меѓувреме, овој дел од Европа суштински се смени на подобро, но некои проблеми продолжуваат и заслужуваат целосно внимание, потенцира Пленковиќ, повикувајќи на промена на Дејтонскиот договор.

Тој потсети на самитот во Загреб одржан пред 20 години и на второто издание на тој состанок, што беше виртуелно оваа година за време на хрватското претседателство со ЕУ.

– Гледајќи наназад, многу е постигнато и многу се смени на подобро. Гледајќи напред, искреното помирување е клучно за стабилноста на регионот. Може да се гради само врз вистината и фактите, заедно со наоѓање на сите преостанати исчезнати лица и правда за сите жртви, нагласи Пленковиќ. з

Треба да знаете
Последни објави