Search

Плевнелиев: Проблемот со Бугарија нема да се реши со притисок и со лобирање, туку со целосно имплементирање на Договорот за добрососедство

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев , во изјава за бугарската агенција BGNES, зборувајќи за единството што го имаат различните политички чинители во земјата, визави проблемот со Република Северна Македонија , истакна дека е можно да се постигне консензус внатре во бугарската политика, но само ако Република Северна Македонија почне да го почитува меѓусоседскиот договор , ако ги почитува човековите права на луѓето што се декларираат за Бугари, ако не поттикнува говор на омраза и истиот отсуствува од учебниците од кои се образуваат младите генерации, вели Плевнелиев. Република Северна Македонија треба да го направи истото што го направи Албанија и потоа нема сиула што може да ја сопре на патот кон евроинтеграциите.

-Треба да е јасно дека  ситуацијата во која се наоѓаме е многу коректна и јасна од прво читање и го има своето решение за  прогрес. Но тоа се базира на елементарниот  принцип дека НАТО е геополитиката а Европската Унија се вредностите. Имено, зошто НАТО е геополитика, Бугарија ја поддржа безусловно Република Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО, кој е најсилен одбранбен сојуз на демократски држави. Но имено, дека Европската Унија е Сојуз на вредности, Бугарија тука го има целосното право да ги посочи проблемите со исполнувањето на европските вредности и да каже дека единственото возможно решение на спорот меѓу Софија и Скопје е со почитување на Европските  вредности. Друго решение не може да има. Почитувани пријатели во Северна Македонија со притисок и со лобирање нема да биде. Ќе биде со реформи кои докажуваат дека европските вредности се имплементираат и се исполнуваат од општеството и од управувачките органи на државата . Кои се Европските вредности?-Тие се содржани во Копенхашките критериуми. Има ли проблем во односите меѓу Бугарија и Р.С. Македонија  во однос на исполнувањето на европските вредности? -Има, и тука Бугарија се јавува како адвокат и заштитник на тие европски вредности.И сакаме да помогнеме проблемите да се осознаат од страна на влстите во Скопје а решенијата не се тешки. Вие треба да го направите тоа, што го направија во Албанија, и ако го направите тоа што го направија во Албанија, нема кој да ве запре на патот кон Европската интеграција. Каде се проблемите, европска вредност е владеење на правото. Но договорот потпишан меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија не се исполнува.Тоа е нарушување на владеењето на правото. Дајте да го почитувамке тој договор инаку нема како Бугарија да даде зелено светло. Второ-европска вредност се правата на сите граѓани во едно општество, но денеска сеуште во Северна  Македонија граѓаните на Бугарија ги немаат истите права како што ги имаат Србите, Албанците, Турците и сите други. Дајте им ги правата на тие граѓани на Р.С.Македонија. Истите права кои ги имаат Србите кои се определуваат како Бугари. Дискриминацијата не е европска вредност и нема место во Европскиот Сојуз. Европска вредност не е јазикот на омразата, а таков јазик на омраза ние среќаваме насекаде дури и во државните медиуми . Го набљудуваме поттикнувањето на јазикот на омраза во учебниците, од кои се образуваат младите луѓе а ние го сакаме точно обратното“ вели во изјавата Плевнелиев.

Сакаме младите луѓе заедно да се скијат во Банско и да уживаат во рестораните крај Охридското езеро. вели Плевнелиев уште еднаш потсетувајќи дека Албанија писмено потврдила дека нема територијални претензии кон никого, дека направила фер попис, и ги реши сите проблеми со соседите, Направете така и нема кој да ве запре на европскиот пат, изјави поранешниот Бугарски претседател Росен Плевнелиев за агенцијата BGNES.

Треба да знаете
Последни објави