Search

Платини ја тужи УЕФА за неисплатени обврски од 7,2 милиони евра

Поранешниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Мишел Платини поднесе тужба поради заостанати обврски. Износот на побарувањето е 7,2 милиони евра, од кои 5,5 милиони се одложени плати.

Платини (64) беше на чело на УЕФА од 2007 до 2015 година. Во 2015 година, тој беше отстранет од етичкиот комитет на ФИФА за период од осум години, под сомнение за корупција. Судот делумно ја уважи жалбата на Французинот, намалувајќи ја казната на четири години.

Треба да знаете
Последни објави