Search

Пласидо Доминго итно пренесен во болница поради коронавирусот

Познатиот оперски пејач Пласидо Доминго (77) итно бил пренесен во болница бидејќи неговото здравје се влошило една недела по утврдувањето дека е заразен со коронавирус.

Доминго бил на домашно лекување во мексиканското одморалиште Акапулко, но неговата состојба се влошила, па  бил итно пренесен во болница за да биде под медицински надзор, јавуваат светските медиуми.

Според портпаролот на Доминго, оперскиот пејач моментно е во стабилна состојба.

Првите симптоми Доминго ги добил на 13 март, два дена откако пристигна, во Мексико, а неодамна на „Фејсбук“ објави дека бил тестиран и дека е позитивен на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави