Search

Планинар од Македонија почина искачувајки го Монт Еверест од срцев удар

Планинар од Македонија почина искачувајки го Монт Еверест од срцев удар

Македонскиот планинар Георги Петков (62) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв Монт Еверест.

Агенцијата Франс прес објави дека тој колабирал пред Кампот три на непалската страна од врвот, на надморска височина од 7.200 метри.

Локалните медиуми јавија дека ова е четврт смртен случај во оваа пролетна сезона на искачување на Хималаите.

Македонскиот алпинист според планот требаше до крајот на месецот да се искачи на врвот и да биде шестиот Македонец што го освоил врвот на светот.

Треба да знаете
Последни објави