Search

Пламенка Бојчева предложена за директорка на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Комисијата за прашања за изборите и именувањата на Собранието ќе му предложи директор на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер да биде Пламенка Бојчева, а нејзин заменик Блерим Исени.

За директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци е предложен Имер Алиу, а за заменик директор Игор Кузески. Комисијата ќе му предложи на Собранието директор на

Агенција за квалитет во високо образование да биде Агим Рушити.
Поништен е огласот за избор на членови на Комисијата за дискриминација. Пратеничката Ивана Туфекчиќ предложи на првата наредна седница да биде распишан нов оглас. Имајќи ги предвид роковите и најавеното распуштање на Парламентот пред изборите, членовите на Комисијата рекоа дека ќе се обидат да изберат членови пред распуштањето.
Комисијата не избра член на Судскиот совет, а претседателот на Комисијата Илија Димовски кажа дека потпишал решенија за апанажа за поранешни функционери и тоа Асаф Адеми, Хазби Лика, Сухејл Фазлиу, Весел Мемеди.
Комисијата денеска му предложи на Собранието Максим Ацевски да биде главен државен ревизор. 
Треба да знаете
Последни објави