Search

Пијан ќе го убиел пријателот удирајќи го со столица по главата

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против Н.Т (60) од Богданци поради постоење на основано сомневање дека сторилo кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

-Осомничениот во петокот околу 20.30 часот,  откако претходно се довел во состојба на пијанство во која бил под дејство на алкохол од 2,97 промили во крвта, со умисла се обидел да лиши од живот на свиреп начин  В.К(62). Жртвата дошла во куќата на осомничениот околу 16часот и двајцата заедно консумирале алкохол. Околу 20.30 часот осомничениот го нападнал оштетениот со тупаница, удирајќи го во пределот на главата. Откако оштетениот паднал на земја, осомничениот зел дрвен стол и со истиот неколкупати го удрил оштетениот во пределот на главата, причинувајќи му интензивни болки и страдања, со што му нанесол тешки телесни повреди и го довел во  животно загрозувачка состојба, велат од ОЈО.

Ценејќи дека се исполнети законските претпоставки, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе Предлог за определување мерка притвор против осомничениот.

Треба да знаете
Последни објави