Search

Пијан Србин се заканувал на поранешната сопруга и нејзините ќерки во Гевгелија

На 12.05.2019 година во 12,15.00 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј.П. (69) пријавила дека нејзиниот поранешен зет С.К. (46), српски државјанин, откако се довел во алкохолизирана состојба упатил закани по живот кон неа и кон нејзините две ќерки при што во еден момент се обидел физички да ја нападне една од нејзините ќерки.

Од страна на полициски службеници во координација со дежурен ЈО, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, С.К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица По целосно документирање на случајот против него ќе биде поснесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави