Search

Пијанистката Дуња Иванова на отворањето на Winter Apricots

Третото издание на Интернационалниот филмски фестивал Winter Apricots ќе почне овој четврток во Прилеп, со солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова. Во киното „Мис Стон“, со почеток во 21 часот, ќе прозвучи музиката на извонредниот полски композитор Збигњев Прајснер и неговите дела за филмските остварувања – „Абердин“, „Двојниот живот на Вероника“, „Три бои“, како и 10 едноставни пиеси за пијано.

Филмската програма на фестивалот Winter Apricots се состои исклучиво од кратки филмови. Во официјалната селекција се 10 финалисти, придружната програма е составена од енс-филмови на италијанскиот Stories We dance, додека во тематската селекција публиката ќе го изгласа најдобриот краток македонски филм.
Затворањето на фестивалот ќе го одбележи настапот на музичката група „Калевала“.

Треба да знаете
Последни објави