Search

Пишев на 27 април: Браќа и сестри нема пуштање, ако треба ќе убиеме за Македонија

На денешното рочиште за „крвавиот четврток“, обвинителката Вилма Рускоска ги презентира смс  и вибер пораките од одземениот телефон на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски, направени на 27 април минатата година при насилниот упад во Собранието.

Од пораките може да се види дека Мукоски заедно со пратениците Јохан Тарчуловски, Васил Пишев, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и уште десетина лица, меѓу кои и функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како претседателот на УМС, Владимир Нелоски и Даниела Рангелова, кои членуваат во вибер група, се вршела организацијата на граѓаните вечерта при упадот во Парламентот.

Комуникацијата почнува со прашање на извесен Цветан Трипуновски кој во 17.48 часот во групата прашува што се случува во собраниската сала. На ова прво му одговара Јохан, велејќи „Се брани Македонија, удрија душманите нема назад“.

Веднаш по него во 17.54 пратеникот Васил Пишев вели „Браќа и сестри нема пуштање, ако треба ќе убиеме за Македонија“.

Во 19.28 часот лицето Александар Атанасов вели во групата „Горе ги тепаат нашиве комуњариве“.

Во 20.36 часот едно од лицата кои Мукоски го нема запишано во контактите на својот телефон вели „Зоки требаше до сега на едно друго место да биде, ама и за тоа друг пат“.

Цело време додека трае разговорот ексминистерот Миле Јанакиески во групата повикува што повеќе граѓани да доаѓаат кај Собранието.

Треба да знаете
Последни објави