Search

Пицула: Прашањето на проширувањето повторно се враќа на дневен ред

Самитот во Загреб за време на хрватското претседателство со ЕУ е шанса работите во регионот да се деблокираат и прашањето за проширувањето да се направи еден од приоритетите, изјави хрватскиот европратеник Тонино Пицула, кој е именуван за известувач на Европскиот парламент за препораки за Западен Балкан пред Самитот во мај следната година.

– Лично, јас сум постојан известувач на ЕП за Црна Гора, но исто така ќе водам и работна група за цел Западен Балкан. Мислам дека ќе ми даде преглед на новата финансиска помош за овие земји, кој според предлогот е тежок дури 15 милијарди евра, како дел од новата повеќегодишна финансиска рамка од 2021 до 2027 година. Мислам дека парите се многу голем показател кога станува збор за некоја политика. Значи, ако овие камчиња се стават во мозаик, Европската унија ќе излезе од една долгогодишна пасивност кон политиката за проширување, што според мене, останува прашање за нејзиниот кредибилитет, туку и интерес, рече Пицула.

Во интервју за Радио Сараево, Пицула изрази очекување Европскиот совет да даде една полуподдршка за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија, бидејќи тие земји го исполниле сето она што се барало од нив како предуслови за почеток на преговорите.

– Од Северна Македонија се бараше да го смени името на државата и тоа се уште остава политички последици во таа земја. Сепак, со одлуката на францускиот претседател Макрон да се воздржи, одлуката на Европскиот совет е блокирана, како што беше случај во последните десет години. Според тоа, тоа е прашање на нарушен систем, рече тој, додавајќи дека сè уште е добро што таквата одлука ја врати политиката на проширување во фокусот на ЕУ.

Според него, Емануел Макрон беше критикуван и за тоа што не понуди јасна алтернатива за постојниот систем за преговарање.

– Тој тоа неодамна го направи во предлог, кој е прилична алтернатива на она низ кое сега минуваат кои преговараат. Треба да се види колку делови од тоа може да се користат, објасни поранешниот хрватски министер за надворешни работи.

За разлика од постојниот систем кој опфаќа 35 поглавја кои се преговараат и после кои земјата станува членка на ЕУ, според предлогот на Макрон, тоа би било, како што вели Пицула, „некаков постепен влез во ЕУ”.

– Значи, преку седум рунди преговори, што, се разбира, не е исто. Црна Гора отвори 33 поглавја и дали сега повторно да се враќа на почеток или се префрлува на новиот систем? Истото може да се каже и за Србија, која отвори 17 – 18 поглавја, рече Пицула.

Тој оцени и дека во рамките на европските институции ќе треба долго време да се разговара за тоа како да се даде моментум на политиката за проширување, без да се влоши постојното ниво на фрустрираност и незадоволство на сите страни.

Тој изрази увереност и сека Комисијата на чело со Урсула фон дер Лајен ќе постигне напредок.

– Во пресрет на гласањето, таа ја стави отвореноста кон Западен Балкан дури и пред трансатлантските односи, односите со САД. Морам да признаам дека повеќето од нас кои се за проширување беа изненадени од ова и тоа многу позитивно, рече Пицула, додавајќи дека се надева на конкретни мерки што ќе и дадат интензитет на таа политика.

Тој верува дека хрватската Влада ќе ги искористи шестмесечното претседавање со ЕУ за да го постави како приоритет прашањето за проширување.

– Ако треба да се употреби малку памет за да се извлечат некои поуки од неодамнешното минато и актуелните проблеми, тогаш тоа е тој вид на тензии или ставање на проблемите под килим која не е од корист за никого. Затоа, верувам дека шест месеци ќе бидат вистинска можност да се поправат работите. Дали ќе бидат искористени, тоа допрва ќе видиме, заклучи Тонино Пицула.

Треба да знаете
Последни објави