Search

Писма со закани до експертите за Ковид-19 во Холандија

Неколку членови на група научници кои ја советуваат холандската Влада да управува со пандемијата на Ковид-19 добиле заканувачки писма, објавија локалните медиуми.

Бројни експерти од научниот комитет ОМТ откриле дека заканувачките писма биле ставени во нивните поштенски сандачиња дома.

Членот на комисијата Андреас Фос изјави дека во пораката е наречен „страшен мајмун” и дека го повикуваат да се врати во Германија.

Друг експерт на ОМТ, Дидерик Гомерс рече дека еден од неговите колеги бил под полициска заштита по „сериозни закани”.

Некои членови на комитетот велат дека се толку загрижени за заканите што сега не сакаат да зборуваат пред медиумите за Ковид-19.

Групите кои се спротивставуваат на ограничувањата за контрола на заразата протестираат во Холандија од избувнувањето на коронавирусот. Сепак, не беше воспоставена врска помеѓу демонстрантите и заканите кон стручната комисија и никој од членовите не зборуваше за можниот извор на заканите.

Во октомври, холандскиот шеф за борба против тероризам издаде документ со предупредување за потенцијално насилство како резултат на „комбинација на екстремистичка идеологија, можни психосоцијални и психолошки проблеми и мерки поврзани со Ковид-19. 

Треба да знаете
Последни објави