Search

Пирс Морган тврди дека членови на кралското семејство му се заблагодариле по критиките кон Меган

Пирс Морган тврди дека неколку членови на кралското семејство му испратиле пораки на благодарност по неговата критика кон Меган, војвотката од Сасекс.

56-годишниот водител беше критички настроен кон војвотката по интервјуто за Опра Винфри минатиот месец, па дури и поднесе оставка како водител на „Добро утро, Британија“ откако одби да се извини за коментарот што предизвика бројни поплаки на гледачите. Во утринската емисија, што се емитуваше еден ден по интимната исповед на Меган, тој рече дека не ѝ верувал ниту збор од она што кажала.

По неговите јавни критики, Пирс сега тврди дека му биле „соопштени пораки во име на други членови на кралското семејство“, за кои рече дека му се благодарни што ги бранел.

Обраќајќи му се на Били Буш од Extra , тој рече: “Имав неколку пораки што ми беа соопштени во име на неколку членови на кралското семејство. Нема да навлегувам во тоа кои се … но беа благодарни што некој застана во нивна одбрана.“

Изјавата на Пирс доаѓаат само еден ден откако тој повторно се насочи против Меган (39) во интервју за Такер Карлсон од „ФОКС њуз“.

Пирс ја нарече заблудена и ја обвини дека заработува милиони долари од кралското семејство додека плука по нив.

„Не станува збор навистина за Меган Маркл – таа е заблудeна војвотка која сака да заработи милиони додека го клевети кралското семејството. Всушност, станува збор за слобода на говор,“ рече тој.

„Тоа што ми се случи мене се случува низ цела Британија и Америка – јас можам да поднесам, но има многу луѓе кои ја немаат нашата платформа, кои се збришани…толку многу  уништени животи, завршени кариери за смешни работи.“

Треба да знаете
Последни објави