Search

Пирло за Роналдо: Ќе видиме нешто прекрасно

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло проговори за најголемото засилување на Јувентус за ова лето, Кристијано Роналдо.

Според Пирло, трансферот на Роналдо ќе им помогне на „Бјанконерите“ да се приближат кон остварување на сонот – освојување на шампионската титула во Лигата на шампионите.

„Кристијано Роналдо може да донесе нешто екстра, тоа што му е потребно на Јувентус. Среќен сум што голем шампион се пресели во Јувентус. Самото негово купување не ви гарантира титула во Лигата на шампионите, но ве приближува кон таа цел“, изјави Андреа Пирло и додаде:

„Роналдо е играч кој што го турка балансот кон вас и тој може да му помогне на Јувентус да ја освои Лигата на шампионите. Тој е врвен играч, ќе направи разлика и ќе видиме нешто прекрасно“, изјави Андреа Пирло.

Треба да знаете
Последни објави