Search

Пирати заробија танкер со 19 членови екипаж близу Нигерија

Пирати, близу Нигерија, киднапирале 19 членови на екипаж на танкер, кој превезувал  сурова нафта, изјави денеска официјален претставник на бродскиот оператор.

Бродот бил нападнат на 77 наутички милји од островот Бони пред два дена и екипажот бил киднапиран, изјави официјален претставник, пренесе Танјуг.

Супертанкерот „Нејв Констелејшн”, кој може да носи до два милиони барели нафта, пловел под знамето на Хонг Конг.

Опратор на танкерот е грчката компанија за испорака „Навиос Танкерс менаџмент”.

Треба да знаете
Последни објави