Search

Пиоли: Сè уште не сме постигнале ништо, секој натпревар е важен

– Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, изјави дека има подобрување во играта на тимот од почетокот на годината, но предупреди дека „росонерите” треба да пристапуваат сериозно кон секој дуел до крајот на сезоната.

– Бројките не лажат – нашиот настап во последните натпревари беше позитивен и мора да продолжиме на овој начин. Сè уште не сме постигнале ништо. Имаме долг пат да поминеме и да останеме фокусирани на следниот натпревар. Нашата цел е да ја подобриме нашата позиција во Серија „А” и да го вратиме Милан таму каде што секогаш бил. Треба да го прифаќаме секој натпревар како најважен. Ова е единствениот правилен став. Сега не е време да размислуваме за нашиот пласман на 24 мај (кога е последното коло во Калчото). Ние мора да размислуваме трезвено и да продолжиме да се развиваме, рече Пиоли на својата прес-конференција пред утрешната средба со Бреша.

Тој прокоментира и за напаѓачите на тимот.

– Златан Ибрахимовиќ е додадена вредност заради неговото влијание и присуството на теренот, како и неговиот став и професионализам во секојдневниот живот. Тој прави добро за тимот, а неговите соиграчи веднаш остварија контакт со него. Не сум изненаден од сето ова. Сепак, зборуваме за шампион кој е меѓу најдобрите играчи во светот во последната деценија. Очекував многу од него и наидов на корисна и интелигентна личност. Анте Ребиќ? Се разбира, има многу играчи кои добро напредуваат во моментов. Ова важи и за него и за Рафаел Леао, додаде Пиоли.

Треба да знаете
Последни објави