Search

Пиоли: На почетокот од сезоната кажаа дека ова не е пенал, а сега свирнаа

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е разочаран од одлуката на судијата Валери да покаже на белата точка за играњето со рака на Калабрија, вели дека на почетокот од сезоната било кажано дека нема да се судат вакви ситуации.

Милан и Јувентус одиграа 1-1 во првиот меч од полуфиналето во Купот на Италија. „Росонерите“ беа подобар противник, поведоа со голот на Ребиќ и беа на чекор до победа, но гостите избрамнија во финишот со контроверзен пенал кој го реализираше Роналдо.

Токму Португалецот со ножички се обиде атрактивно да бие и го погоди во рака Калабрија од едно метро, кој беше свртен со грб.

Лут сум поради неколку причини. На зачетокот од акцијата имаше фаул над Ибрахимовиќ. Плус, кога бевме на состанок пред неколку месеци, ни беше покажани снимки од дуелот помеѓу Каљари и Бреша и пеналот кој беше досуден во првото коло од оваа сезона. Ни беше кажано дека судијата погрешил, немало основа за најстрога казна бидејќи играчот не ја гледал топката. Рицоли (првиот човек на судиите) исто така излезе по мечот помеѓу Каљари и Бреша и кажа дека немало пенал. Не знам што е различно во оваа ситуација. Калабрија не ја гледаше топката. Алберто Чери во таа ситуација скокна, и не може да си ја исече раката, морате да ги користите рацете кога скокате. Немаше време да ја врати раката во природна положба. Би сакал да имаме појасни правила за тоа што е пенал, а што не е пенал. Некој ќе даде аргумент дека ударот на Роналдо одел кон голот, но не сум сигурен дека тој ќе погодеше од таа ситауција – вели Пиоли.

.

 

Треба да знаете
Последни објави